top of page

Видео надзор

Системите за видеонадзор овозможуваат мониторинг над моменталната состојба, како и прегледување на снимка од обезбедуваниот објект или објекти локално, на компјутер, од оддалечена локација или пак од мобилен телефон.
Како технологија, моментално се нудат две класи решенија за видеонадзор: аналогни и IP базирани решенија. Овие две решенија имаат неколку суштински разлики од кои поважни се:

Резолуцијата на снимање, која кај аналогните системи изнесува најмногу до 0,4 мегапиксели (МP), додека кај IP базираните системи се движи од 1,3 MP, 2MP, 3MP, 5MP па се до 23MP. Резолуцијата дозволува повисоко ниво на квалитет на снимката.
Комуникацијата помеѓу посебните единици во системот. Кај аналогните системи потребна е посебна кабелска инфраструктура за камерите да се поврзат со системите за снимање (Дигитални Видео Рекордери – ДВР) додека IP системите може да користат веќе постоечка IP инфраструктура.

Генерално системите за видеонадзор се дизајнираат во димензии од 4, 8  или 16 камери по систем што не претставува бариера и за планирање на поголеми системи со тоа што едноставно се зголемува бројот на дигиталните видео рекордери на зададената локација.
Основни компоненти во еден систем за видеонадзор без разлика дали е аналоген или ИП базиран се камерите и дигиталните видео рекордери – ДВР.

 

Contact Us

Адреса:Струмица

Телефон: 070/818-047

© Креирано од Smart SYS

Success! Message received.

bottom of page